Венчалниот фустан не го прави добар бракот, туку партнерот. Па, доколку сакате да облечете венчаница од врвен светски дизајнер, а при тоа да заштедите пари за меден месец, еве неколку препораки.
T by Alexander Wang
Венчаница која ја следи линијата на телото инспирирана од 90-те години дизајнирана од модниот гениј Александар Ванг. Достапна за нарачка на неговата официјална Интернет страница – ТУКА, по цена од 495 долари.
Може да се обложите дека венчаниците на креаторката која е синоним за венчален стил се прескапи. Па, би го загубиле облогот. Се наоѓа и нешто евтино, а прекрасно. По цена од 449 долари може да ја нарачате на страницата – David’s Bridal.
Венчаница од тантела – Calvin Klein
Популарниот моден дизајнер не значи дека има и „солени цени“, барем не секогаш. Келвин Клајн венчаница може да купите и за само 259 долари во Macy’s.