7 занимливости за сладоледот

Зад изумот сладолед во корнет стои една прекрасна љубовна приказна. Имено, сладоледот во корнет го измислила една девојка која продавала сладолед во Лузијана. Се случило вака: едно момче и подарило цвеќе завиткано во хартија, па таа се сетила на сличен начин да му возврати. Направила еден фишек од обланда и во него ставила сладолед. Било тоа во 1904 година.

Инаку, првата приказна за сладоледот се врзува со Марко Поло. Се верува дека сладоледот за првпат е направен на Далечниот исток, а Марко Поло го донел тој рецепт во Италија. Една друга приказна за сладоледот вели дека уште во времето на Персиската војна, Александар Македонси својата војска ја освежувал со сладолед. Трета приказна тврди дека во минатото сладоледот се послужувал само на трпезите на кралевите и благородниците. Во тоа време претставувало вистински луксуз некого да го послужите со топка сладолед на топлото време.

Како и да е, факт е дека првата фабрика за сладолед е изградена во Америка, во 1851 година. Но, производството се развило дури после 1900 година кога се усовршиле новите системи за ладење. И не е ни чудо што за најголеми јадачи на сладолед се сметаат токму Американците. Дури 98 отсто од домаќинствата во САД без разлика на сезоната редовно купуваат сладолед. По нив се жителите на Нов Зеланд, Данска, Австрија, Белгија и Луксембург, па Шведска, Канада, Норвешка, Ирска и Швајцарија.

Меѓу бројните славни обожаватели на сладолед бил и Елвис Присли. Роналд Реган пак, во 1984 година месецот јули го прогласил за национален месец на сладоледот. Ваков национален месец денес не постои, зашто е укинат од Барак Обама, кој наводно се заситил од сладоледот уште додека бил момче работејќи во една слаткарница.

Статистичките податоци велат дека најмногу сладолед се продава во текот на месеците јули и август и тоа во недела. Статистиката покажува и дека иако децата важат за најверни купувачи на сладолед, дури 50 отсто од продажбата ја прават возрасните.Интересно е дека сладоледот за десерт почесто го избираат мажите (13 отсто) отколку жените (8 отсто).Секој петти конзумент пак, својот сладолед несебично го споделува со својот домашен миленик, кучето или мачката.

Најомилен е вкусот на ванила. По него е чоколадниот, а на трето место е сладоледот од јагода. За најнеобични вкусови се сметаат сладоледот од авокадо, грав и од лук.

Знаевте ли на пример дека една топка сладолед исчезнува после точно 50 лизнувања.

 

x

Check Also

HUAWEI P smart 2021 пристигна на македонскиот пазар со quad камера, стилски дизајн и батерија од 5000mAh 

Најновиот смартфон на Huawei, базиран на AppGallery – Huawei P smart 2021, ...