7 златни правила за мажи во шопингот

Стилот не може да се купи во ексклузивен бутик, туку се стекнува со тек на модното образование, воспитување и искуството. Еве ги 7-те важни правила до кои, доколку се придржувате, нема да згрешите во изборот.

maz 1

1. Костумот од позната марка не е секогаш гаранција дека ќе изгледате елегантно. Следењето на модните трендови кои бргу се менуваат е непотребно, одзема премногу време, а и пари. Во случај актуелниот моден тренд да не одговара на вашата фигура, немојте да инсистирате на мода. Стилот мора да одговара на вашата личност.

2. Второто златно правило вели: купувајте го она што одговара на вашата фигура. На мажот со крупна конституција најдобро му прилега темната гардероба. Мажот со низок раст треба да ги избегнува карираните костуми и кошули, а да форсира косуми и кошули со дискретни вертикални линии. При шопингот, секогаш е неопходно да се прави разлика меѓу дневниот и свечениот, вечерен костум, но и да се избегнува гардеробата која на себе ја има пренагласено марката, па дури и таквите вратоврски. Ќе оставите подобар впечаток ако не сте премногу нападни.

3. Во машкиот шкаф мора да има најмалку три бели кошули. Белата кошула може да се носи само еднаш пред да се испере.

maz 24. Согласувањето на бојата на чевлите со бојата на ременот веќе не е императив. За чевли, кафената боја е секогаш подобар избор од црната, како и за паричник и ремен. Кожените ремени се најпрактични за секојдневниот костум, додека ремените од други материјали, особено платнените, најдобро одговараат со фармерки и друга спортска гардероба.

mazi 4

5. Марамчето кое се става во горниот џеб на костумот не треба да биде во иста боја со вратоврската. Овој моден додаток не треба да одговара на костумот, туку на кошулата.

mazi 3

6. Бојата на чорапите мора да одговара со бојата која доминира на вратоврската или со бојата на панталоните. Класичните бои темно сина, кафена и темно сива најчесто се најдобар избор, додека белите чорапи не се препорачуваат и се носат само во комбинација со спортски патики.

7.Црното свечено палто – фрак, се носи само на службени свечености, а не за вечера во ресторан ниту во театар. Фракот добро стои на витко тело, додека на крупно тело дава пингвин ефект.

M.M

x

Check Also

Над 300 млади пливачи на Зимското национално првенство во мали базени

Зимско национално првенство во мали базени се одржа во Спортскиот Центар Борис Трајковски во ...