Макмода во акција за почиста животна средина: Кога вашиот ТВ екран излегува од мода…

Кога вашиот ТВ екран излегува од мода или престанува да работи, станува опасен отпад.

Колку сме свесни за тоа како се постапува со електричен и електронски отпад и за неговото штетно влијание врз нашето здравје и животната среднина, говори вчерашната слика направена од минувач, а објавена на официјалната Facebook страница на „Елколект“.

teve

Електричниот и електронскиот отпад е опасен отпад кој содржи отровни и многу често канцерогени супстанци. Затоа е потребно со е-отпадот да се ракува правилно и постапката за негова рециклажа да биде по пропишаните Законски одредби.

Според  Законот за управување со отпад, електричниот и електронски отпад не смее да се меша со другите видови отпад, па доколку граѓаните го фрлаат овој вид отпад на несоодветно место, покрај контејнер, во река, или друго непрописно место, се соочуваат со казна од 60 евра.

Законска обврска на секој граѓанин како краен корисник е отпадната опрема од домаќинствата да ја собира, чува и да ја предаде на трговецот или на овластен собирач, во собирен центар или во место за преземање.

За постигнување на Националните цели за преработка и повторна употреба на отпадната електрична и електронска опрема, “Елколект” во општините низ нашата земја постави Еко магацини каде можете да го оставите вашиот електронски и електричен отпад.

Примарна дејност на “Елколект” е управување со отпад од електрична и електронска опрема и отпадни батерии и акумулатори. Основна цел на компанијата е да воспостави функционален систем за одвоено собирање и класифицирање врз основа на категориите на електричен и електронски отпад за негова понатамошна употреба, згрижување и заштита на животната средина и здравјето на граѓаните.

Локацијата на најблискиот Еко-магацин до Вас можете да ја пронајдете на веб страната на Елколект (ТУКА).

 

Мак мода како магазин за мода и култура на живеење Ве поттикнува да ги забележувате појавите за непрописно, оставање на електричен и електронски отпад и да ни ги испраќате фотографиите на info@makmoda.com

x

Check Also

Неделен хороскоп (12ти-18ти ноември): Топ знаци на неделата Водолија и Лав

Оваа недела планетата Марс го напушта знакот на Водолија и влегува во ...