Топ 10 нови парфеми совршени за зима 2016/2017

Некои од најдобрите работи поврзани со зимата се мирисите што доаѓаат со неа – зимзелени дрва, силно еспресо, остри ноти. Според познавачите на парфеми, најновите трендови на парфемите за жени се совршено прилагодени на зимата, а кај новите машки мириси доминираат состојките како црн пипер, дрво и кожа.

Оваа година жените се помалку се плашат да ја прифатат андрогиноста на миризбите, а новите изданија на парфеми најдобро го одрзауваат тоа. Додека летото беше во знакот на лесните и слатки миризби, сега доминираат зимските ноти.

Откријте го вашиот совршен парфем за зима 2017.

Mon Paris Eau de Parfum, Ив Сен Лоран

Овој топол цветен парфем инспириран од Париз, содржи мешавина од божур, мошус и пачули, што го прави совршен за жената која се уште не е подготвена да се откаже од женствените миризби, а сака да остане во тренд со сезоната.

Velvet Orchid Lumière, Том Форд

Најновиот мирис од Том Форд, Velvet Orchid Lumière, е дел од колекцијата „Orchid“ и го носи препознатливиот сензуален потпис, вклучувајќи ја и миризбата на бергамот и мандарина. Вторите ноти се на јасмин и ванила.

par-tom-ford

Decadende, Марк Џејкобс

Инспириран од течното злато, Марк Џејкобс го лансираше новиот луксузен парфем спакуван во луксузно шишенце. Нотите се базирани на ирис, шафран, јасмин и роза.

par-marc-jacobs

Trouble in Heaven, Кристијан Лубутен

Не само заради миризбата, овој парфем вреди да се има и поради самото шишенце. Формулата му е на база на ирис и пачули, а втората нота е амбер.

edition 01—Winter 2016, Гуп

Првиот парфем на „Goop“ вреди да се проба, станува збор за едиција број 1 од зима 2016. Ретко издание кое содржи природни состојки. Брзо се вивна меѓу бараните парфеми, меѓу другото и благодарение на Гвинет Палтроу.

Euphoria, Келвин Клајн

Новиот парфем од Келвин Клајн е инспириран од современата уметност и металните скулптури. Содржи ноти од калинка, јаболко, црна орхидеја и амбер – спакувани во незаборавно шишенце.

par-euphoria

Guilty Platinum, Гучи

Новиот парфем од Гучи ни носи силни цветни и ориентални миризби. Мирисот е спакуван во метално шишенце со стакло во Г дизајн.

par-gucci

Si, Џорџо Армани

Ако барате полесен зимски парфем, тогаш совршен е новиот од Армани. Содржи лесни цветни ноти, мошус и ванила.

Soir d’Orient, Сисли Париз

Инспириран од егзотичната мистерија на Андалузија, овој ориентален парфем содржи зачинети ноти, црн пипер и сандаловина.

Replica, Маргиела

Прекрасен нов зимски парфем ни доаѓа од Маргиела, наменет за сите оние кои сакаат силни миризби. Спакуван е во модерно но многу едноставно шишенце за да го стави акцентот на тоа што е внатре во него.

par-margiela

 

x

Check Also

Каја Гербер е ѕвезда на новата козметичка кампања на Ив Сен Лоран

Rouge Volupte Rock’n Shine е насловот на новата козметичка кампања на луксузната марка ...