Луксузната колекција Birds of Paradise достапна во продажба и кај нас!

Производителот Cybex и понатаму продолжува да не воодушевува, сега со новата колекција насловена Birds of Paradise (Птици од Рајот) која пристигна и во Скопје!

c1

По успехот со ексклузивната соработка со познатите модни дизајнери Џереми Скот и Лала Берлин, CYBEX повторно ни покажува дека овој бренд и модата прават совршена комбинација.

Новата колекција „Птици од Рајот“ е уште еден пример како модна-манија може да се направи и со колички за деца и детски седишта за автомобили.

c2

Колекцијата е инспирирана од најновите трендови на прошетките во природа, па оттука ни носи рај и на градските улици, благодарение на изборот на живописни графики кои ги комбинираат зеленилата на егзотичните и тропските растенија со елементи од животинското царство.

Принтови од живописни папагали се поставени на луксузните седишта и колички кои дополнително покажуваат јасен стилски израз соодветен на модно освестените родители.

c3

c4

c5

 

Колекцијата Birds of Paradise е достапна во продажба во продавниците Крш бебе во Vero Center и Крш во Skopje City Mall.

x

Check Also

„HALLOWEEN“ во Скопје Сити Мол

 Halloween или „Ноќта на вештерките“ е празник кој се слави секоја година на ...