Инспирацијата од 80-те години ја гледаме кај есенските обувки на луксузните модни марки, но таа е присутна и во дизајните на популарните „хај стрит“ бреднови. Зара, на пример, нуди различни модели на чизми за сезоната на постудени денови, во кои ќе се пронајдат различните стилови.
Од палетата на бои, доминантни се есенските нијанси, а од материјалите – кожата и превртената кожа кои овојпат најчесто се со набори. Петицата е тенка и висока, предниот дел на чизмите е шпицест, и секако, во центарот на вниманието се високите модели.
Каубој-моделите ќе бидат хит за оваа есен/зима, а Зара ни нуди модерна адаптација на каубој-стилот.
Погледнете ги нашите фаворити во фотогалеријата.