8 намирници за подолги трепки

Ако вашите трепки се тенки и кратки, овие намирници не треба да ги исклучите од дневното мени.

trepki 5

Риба

Рибата е богата со протеини, а тие помагаат вашите трепки побргу да растат. Дополнително, рибата е исто така, богата со омега-3 масни киселини, кои помагаат за подобрување на циркулацијата, а на тој начин и до вашите трепки доаѓаат повеќе хранливи материи и кислород.

Јајца

Уште една намирница богата со протеини.  Содржат мал процент на масти и висок процент на хранливи материи. Минералите кои на овој начин ќе ги внесете придонесуваат за побрз раст на трепките, а косата ја прават здрава и некршлива.

Ореви

Оревите се богати со витамин Е и биотин, а тие делуваат како заштитен штит кој им помага на вашите трепки да не подлегнат на надворешните влијанија, а со тоа и побргу ќе растат.

trepki 3

Сладок компир

Слаткиот компир е богат со витамин А, па ќе му овозможи на вашето тело корисен бета-каротин кој помага во сочувување на здрави треки.

trepki 2

Остриги

Цинкот е многу важен за растот на трепките и воопшто на косата. Недостатокот на цинк пак, може да биде причина ако вашите трепки се тенки и кратки. А остригите се едни од најдобрите природни извори на овој минерал.

Леќа

Не само што овие мешунки содржат многу протеини, туку тие исто така содржат и биотин, железо и цинк. Комбинацијата на овие минерали ќе помогне да се сочуваат трепките цврсти и здрави.

trepki 1

Боровинки

Витаминот Ц во овие мали плодови игра огромна улога за здрава циркулацијата, а тоа е многу важно за малите крвни садови да  испорачуваат кислород и хранливи материи до трепките. Недостаток на витамин Ц може да предизвика оштетување на трепките како и на косата.

Јогурт/Кисело млеко

Не само што јогуртот е голем извор на протеини, туку богат е и со витамин Б5 – состојка која редовно се наоѓа во производите за нега на трепки. Јогурот/киселото млеко содржи и витамин Д кој е исклучително важен за здравите трепки како и за косата.

x

Check Also

Забарите откриваат: како да ја намалите штетата на вашите заби предизвикана од пушењето?

Убавата насмевка е најчесто првото нешто кое го забележуваме кај некоја личност. ...