8 работи кои не ги знаете за вашето омилено јадење – пицата

А кој не сака пица?

Таа е популарна во целиот свет, без разлика на возраста, и речиси нема човек кој може да каже „не сакам пица“. Но што знаете за вашето омилено јадење?

Маргерита

Маргерита

Пица Маргерита

Позната е насекаде, а нејзините главни состојки се само домати, моцарела и босилек (трите бои кои се симбол на Италија). А историјата вели вака, оваа класична пица Маргерита била измислена од Рафаело Еспозито од пицеријата „Пијетро“ основана во 1780 година (и сеуште постои, но под името Бранди).Рафаело во 1889 година бил повикан да направи пица за италијанскиот крал Умберто Први и неговата жена Маргерита од Савоја кои биле сместени во палатата Каподимонте во близина на Неапол. Тој направил три различни верзии на пица, а онаа која најмногу и се допаднала на Маргерита била направена само од домати, моцарела и босилек. Кога го прашале како се вика пицата, тој одговорил Маргерита.

pi 2

Кралот на пиците

Така Рафаело Еспозито ја добил титулата крал на пиците, а неговата пица Маргерита влегла во менито на кралското семејство.

Биографот на пиците

По потекло Швајцарец роден во Наполи, Франческо де Буркард, напишал книга наречена „обичаите на Наполи и околината опишани и насликани“ објавена во 1858 година и тука може да се најде верзијата на пица Маргерита. Пишува дека иако карактеристичната пица Маргерита се правела од домати, босилек и моцарела, можела да се сретне и со други видови на сирење и со лут доматен сос.

pi 3

Калѕоне – затворена пица

Во последно време насекаде е многу популарна пицата наречена „калѕоне“ која изгледа на една огромна равиола, превкусна е и сочна, со кашкавал или моцарела и доматен сос. Но оваа пица не е ништо ново, постои и во книгата на Франческо де Буркард, а била традиционално јадење во Неапол.  Во поново време стана популарна во светот.

pi 4

Египет

Иако пицата е италијански изум, сепак припаѓа и на Египќаните. Зборот пица првпат е употребен во 997 година, во Лацио (Италија), но тоа повеќе се однесувало на фокача (само тестото од пицата). Ваквото јадење (печено тесто) го гледаме и на египетските цртежи.

pi 5

Пица во печка

Во 19 век пицата била јадење за широките маси, но не ја прескокнувале ни кралевите. Кралот Фердинанд Четврти толку многу сакал пица што ангажирал пица јастор кој редовно ќе му ја приготвува и тоа во печка. Се печела во специфичен керамички сад.

Доматен сос одозгора

Доматите станале познати во Италија дури во втората половина на 18-от век. Кога доматите почнале да се употребуваат во готвењето и исхраната, доматниот сос се ставал всушност најгоре врз пицата, врз намирниците, а не како база како шо е познато денес.

pi 6

Гинисов рекорд

На 20 јуни 2015 на Експо Милано е направена најголемата пица со 2 тона брашно, 2 тона моцарела, тон ипол доматен сос, 150 литри екстра маслиново масло, која се печела во 5 печки, биле потребни 40 луѓе да ја држат, 80 пица мајстори да ја прават и 200 волонтери вклучени во процесот.

pi 7

Најскапа пица

Ако имате пари за фрлање, може да ја пробате таканаречената пица Луј 8-ми, на шефот на кујна Ренато Виола, Италијанец кој живее и работи во Мајами. Во неговиот ресторан во Мајами таа се прави со три вида на кавијар и јастог, а се служи со скап коњак и шампањско. Чини 12.000 долари.

x

Check Also

Неделен хороскоп (18. до 24.ноември): Топ знаци на неделата – Шкорпија, Вага и Стрелец

Оваа седмица и планетата Марс е во знакот на Шкорпија. Раковите, Овните ...