8 занимливости за високите потпетици

Можеби не знаевте дека….

cevli 1

1.     Првите чевли со виока потпетица се појавија во 14-от век и ги носеше маж. Луј 14 не можел да се помири со тоа дека е низок, па редовно носел чевли со потпетица од 4 сантиметри.

2.     Сепак жената ги направи чевлите на висока потпетица култ. И не било која, туку Катерина де Медичи. Со исклучително низок раст Катерина носела чевли на висока потпетица од 5 сантиметри уште од 14 годишна возраст.

3.     За потпетица на чевлите се смета секоја потпетица која е со висина над 5,5 сантиметри.  Сепак, истражувањата покажуваат дека потпетиците над 10 сантиметри не делуваат елегантно и се непрактични за движење.

cevli 3

4.     Одењето на чевли со нормално висока потпетица ја прават поцврста мускулатурата на нозете. Но, одењето на чевли со екстремно висока потпетица не само што штетат на нозете туку и на ‘рбетот.

5.     Истражувањата покажуваат дека денес дури 65 отсто од жените во Европа носат чевли со висока потпетица дури 40 часа неделно и тоа главно на работа, а дури 35 отсто од нив носат потпетици повисоки од 12 сантиметри.

cevli 6

6.     Докторите сугерираат дека носењето на екстремно високи потпетици (над 12 сантиметри) може да делува и на мозокот зашто доаѓа до притисок на крвните садови и нерви што предизвикува послаби ментални функции и главоболка.

cevli 02

7.     Стручњаците за стапала истакнуваат дека носење на потпетица над 7 сантимтетри го зголемува притисокот на зглобот дури за 80 отсто.

cevli 5

8.     Иако спаѓаат во чевли од модерното време, високите чевли на потпетица- без потпетица потсетуваат на некои средновековни креации. Прв пат се појавија на ревијата на Антонио Беради во 2007 година, а една година подоцна ги прослави Викторија Бекам. И покрај неприродниот и многу неудобен изглед оној кој ги носи нема никакви болки зашто се совршено избалансирани.

x

Check Also

Скопје Сити Мол стартува со Black Friday Week

Black Friday во Skopje City Mall не е само еден ден. Ниту ...