Топ 5 хотели за годишен одмор во Будва

Доколку го сакате Црногорското крајбрежје, сигурно сте добро информирани за големата понуда на убави хотели за одмор крај самото море или во непосредна близина на Јадранското море. Плажите се песочни, а услугата – врвна, секако доколку ја одберете вистинската летна дестинација за релаксација.

Avala Resort & Villas

Модерниот ресорт за одмор се наоѓа на 50 метри од Стариот град во Будва и гарантира врвно релаксирачко искуство. Располага со приватна плажа, има надворешен и внатрешен базен, спа центар, фитнес центар и два ресторана. Собите се со прекрасен поглед на морето. Хотелот нуди бројни активности за гостите.

Avala Resort & Villas

Hotel Aleksandar

Модерниот хотел е лоциран непосредно до песочната Бечичка плажа. Елегантно уреден нуди стилизирани апартмани, велнес центар вклучувајќи и сауна, турска бања и фитнес центар. Се наоѓа на 5 километри од центарот на Будва. Во ресторанот се служат специјалитети од локалната и интернационалната кујна.

Хотел Александар

Hotel Mediteran

Совршен за семеен одмор и за деца, овој голем комплекс е лоциран во Бечичи, на 2 километри од Будва. Располага со спа центар, аква парк и неколку базени од кој и голем внатрешен. Децата можат да уживаат забавувајќи се во водните активности, на тобоганите и другите занимации за деца како и во малите детски базенчиња. Модерниот велнес центар вклучува сауни и нуди различни типови на масажи и третмани за убавина. Собите се модерно уредени и најголем дел од нив нудат прекрасен панорамски поглед на Јадранското море. Во надворешниот ресторан со поглед на морето се служат врвни медитерански специјалитети.

Mediteran Hotel & Resort

Hotel Iberostar Bellevue

Се наоѓа непосредно до плажа, на 2 километри од Будва, обиколен со градина. Совршен е за семеен летен одмор со деца. Располага со 7 барови и ресторан во кој се служи локална и медитеранска храна. Има внатрешен и голем надворешен базен, но и повеќе базени за деца. Нуди различни активности и забава за деца, како и игротека која е под стручен надзор. За возрасните подеднакво нуди различни спортови, од тенис до кошарка, одбојка на плажа и водни спортови.

Hotel Iberostar Bellevue

Dukley Gardens

За оние кои сакаат луксузен одмор ова е вистинскиот избор. Елегантниот хотел располага со приватна плажа, а апартманите имаат тераси со прекрасен поглед на морето. Гостите можат да уживаат во текот на денот во закуските и коктелите во  Dukley Beach Lounge, додека медитерански специјалитети се служат во ресторанот на хотелот.

Dukley Hotel & Resort

x

Check Also

СПЕКТАКУЛАРНА ПРОСЛАВА ЗА 10 ГОДИНИ АКВА ПАРК ПРОБИШТИП

Ова лето, Аква Парк Пробиштип ќе го одбележи својот јубилеј – 10 ...