Модна листа на совршени палта за есен/зима 2017/18

Есента само што започна, а нашата желба за меко, квалитетно палтенце станува се поголема.

Трендовите од модните писти се јасни – долгите модели на палта се вратија во мода, а предимензионираните кроеви подеднакво остануваат во „игра“, со дискретна ноншалантност. Се комбинираат со фармерки и патики, со контрастни детаљи, за драматичен есенски изглед во „кежуал“ ситуација.

Доколку преферирате модел со должина над колениците, поиграјте си со изборот на бојата: црвеното дефинитивно е вистинскиот избор за да се избегне просечноста, додека пастелните бои ќе бидат совршени за да додадат сладост во студените зимски денови.

Еве ја нашата модна листа на совршени палта за есен/зима 2017/18.

x

Check Also

Victoria’s Secret со колоритни костими за капење за лето 2020

Супермоделот Тејлор Хил е ѕвезда на новата рекламна кампања за костими за ...