9 интересни факти кои веројатно не ги знаете за Дуа Липа

Дуа Липа е петпати номинирана за Британските награди и доминира на музичките топ листи, а во последниве неколку години ја здрма музичката сцена. Можеби ги знаете нејзините музички потфати, но овие 9 факти може да ве изненадат.

Работела како вратарка во ноќен клуб

Пред неколку години, во Лондон, можеби сте можеле да „налетате“ на неа, кога работела како вратар во ноќен клуб во Мејфер. Таа била онаа која ќе ви кажела може или не може да влезете во клубот. „Беше ужасно”, вели Липа за искуството.

Нејзиното име на албански значи „сакам“

Нејзиното име на албански јазик значи сакам, односно љубам. Дуа Липа се сеќава дека како девојче не си го сакала името.

Го напуштила домот на 15-години

Од семејниот дом во Косово се преселила во Лондон на 15-годишна возраст, за да се проба во музичката кариера. „Готвењето и чистењето…тоа беше навистина тешко“, изјавила Дуа минатата година.„Ваквите работи ме натераа побргу да пораснам“.

Учела во истото училиште каде учела Еми Вајнхаус

Станува збор за лондоското театарско училиште Силвија Јанг во Мерилибон. Уште неколку познати имиња излегле од ова училиште, а меѓу нив и Рита Ора и Том Флечер.

Верувала дека кошарката ќе и помогне да се издолжи

Како дете била многу ниска и затоа се запишала на часови по кошарка, мислејќи дека така ќе се издолжи. „Мислев дека ќе ми помогне да станам повисока, но не ми помогна“, вели Липа и додава „штом се откажав од кошарката, пораснав“.

Талентот го наследила од таткаси

Нејзиниот татко, Дуакџин Липа, бил член на албански рок-бенд. Липа израснала со неговите песни и музика. Подоцна ќе каже дека татко и имал најголемо влијание во дефинирање на нејзиниот музички вкус.

Нејзиниот глас не бил секогаш ценет

Кога имала 11 години, сакала да се приклучи на училишниот хор, но учителот и рекол дека таа не знае да пее. Сега таа е „мулти-платинум“ пејачка, па во најмала рака може да се каже дека победила во рундата со учителот.

Таа и еден обожавател имаат исти тетоважи

Додека гостувала во Мадрид, еден нејзин фан и открил дека имаат иста тетоважа – ангел. Липа ја „носи“ тетоважата на нејзината лева рака.

Одлично спелува

Проверете во видеото како го спелува зборот pterodactyl. Ќе се изненадите.

 

x

Check Also

Седа коса: тренд што обедини многу sвезди во движењето „без боја“ – од Енди Мекдауел до Џејн Фонда, Џоди Фостер, Џејми Ли Кертис до…

Кој рече дека седата коса им одговара само на мажите? Од Енди ...