9 причини зошто да јадеме чоколада!

Сите ги обожуваме, а сега можеме со радост и сласт да ги јадеме овие слатки задоволства откривајќи ги 9-те благодети кои чоколадата ги има за нашиот организам. Одберете чоколади со што поголем процент на какао, а што помалку шеќери. Особено оние темни чоколади со 70% какао се супер избор. Зошто? Прочитајте..

  1. Го подобруваат расположението = чоколадата има триптофан, есенцијална аминокиселнина која може да се внесе само преку храната, а помага и при создавање на серотонинот, мелатонинот и ниацинот, со што помага да се чувствуваме среќно!
  2. Здрави заби = какаото помага и ги заштитува забите од задржување на бактериите.
  3. Ја подобрува циркулацијата и го смалува притисокот.
  4. Здрава и убава кожа = темните чоколади полни се со витамини кои и помагаат на кожата да се хидратира.
  5. Го спречува прејадувањето = само една коцка чоколадо пред јадење испраќа сигнали кои велат дека сме сити.
  6. Го подобрува помнењето = квалитетната чоколада и екстрактот од какаото, спречуваат оштетување на нервниот систем и помагаат во подобрување на помнењето.
  7. Антиоксидантите кои ги содржат чоколадите, го успоруваат стареењето.
  8. Какаото го намалува нивото на хормоните кои го поттикнуваат стресот.
  9. Создаваат насмевка кај трудниците и нивните бебиња за здрав развој.

x

Check Also

ГЛАДИЈАТОРИТЕ СЕ ВРАЌААТ ВО СТОБИ – Промотивен викенд на локалитетот

Од утре, 19 септември, првата апликација за виртуелно искуство која овозможува патување ...