90 години стара традиција на изработување бисерен накит се негува во семејството Талеви

„Бисерите се секогаш соодветни“, кажа некогаш Џеки Кенеди додека нејзиниот врат го красеше бисерна огрлица. Бисерите прилегаат на секоја дама, благодарение на нивната префинетост и игривост даваат можност за комбинирање без разлика на годините.

Особено сме горди на охридскиот бисер, а особено на бисерите кои се изработуваат на начин стар 90 години, рачно со неверојатно внимание и посветеност.

90 години стара традиција на изработување бисерен накит се негува во семејството Талеви, а нивниот бисер го носат дами кои имаат вкус за убаво и вредно парче накит кое останува со генерации.


– Срамежливите почетоци на изработка на охридскиот бисер во нашата фамилија датираат уште од минатиот век и далечната 1924г, ни раскажува г-дин Ване Талев – наследник на оваа семејна приказна која се пренесува од колена на колено.

Охридските бисери се многу ценети и барани во светот. Секое зрно бисер тие го изработуваат рачно, за што издаваат сертификати.

Пред да почне со работа, Талев ги става зрната бисер на чепкалки и ги реди на дрвена штица долга еден метар. Секое зрно се премачкува со специјална емулзија изработена од крљушките на рибата плашица, која е семејна тајна.


Работат само со природни материјали. Дури и малата четка со која ги премачкуваат бисерите е изработена од природни влакна од верверичка или од коњ, а емулзијата ја има истата формула од далечната 1924 година.

– Секој бисер се мачка пет до шест пати, а од едно до друго мачкање треба да поминат најмалку 45 минути до еден час, за добро да се исушат. Исто така многу важно е дека не е препорачливо бисерите да се нижат истиот ден кога се направени, туку е најдобро тоа да се прави следниот ден.

Во 2001 година, на саемот за иновации и рачна изработка “Еурека“ во Брисел, Талеви освоија златен медал за рачна изработка на бисер во конуренција од над 45 рачни изработки од целиот свет.


– Во најголем број случаи нашиот бисер се комбинира со индустриско сребро и филигрански апликации, а на задоволство на клинетите и со полудраги камења и Сваровски елементи.


Огромна е љубовта и посветеноста која е потребна да се изработи едно парче накит од охридски бисер. Љубовта и посветеноста на Фамилија Талеви која се пренесува од генерација на генерација е вистинска уметност, страст и преданост.

Секоја дама во својата колекција треба да поседува барем едно парче накит од охридски бисер. Овие празнични денови се посебни особено доколку патувате за Охрид, а во срцето на Охрид во самиот центар на познатата Улица Св: Климент Охридски бр. 60  ја посетите продавницата на Фамилија Талеви и одберете парче бисерен накит за себе или саканите.

x

Check Also

Ајде, на паметен шопинг: 50% попусти на колекцијата есен/зима во Carter`s и OshKosh B’gosh

Подобро време за шопинг не може да биде! Carter`s и OshKosh B’gosh нѝ ...