Долче и Габана испратија љубов од модната писта

Отворајќи ја ревијата за да ја претстават колекцијата за есен/зима 2018, на Миланската модна недела, италијанската двојка Долче и Габана прво ги претставија необичните чанти -дронови, најавувајќи дека следуваат модели фокусирани на современата технологија.

Следуваа креации со принтови и дизајни со религиозни мотиви. Користејќи фрази како „Моден грешник“, „Модна посветеност“ или „Модата е убавина“, Долче и Габана вклопија мотиви преземени од католицизмот во нивните гламурозни креации.

Од впечатливи свилени наметки со шарени принтови до мини фустани со асиметрични форми, за сезоната пред нас италијанските дизајнери нудат повеќе спортски изглед. Пораките од модните парчиња апелираат до Милениумската генерација.

Модните додатоци не недостигаа, од круни до очила за сонце, овојпат разиграни со зборови како Wow, Love и Cool.

x

Check Also

Карди Би се збогува со сопругот после три години брак

Карди Б(27) и нејзиниот сопруг Офсет (28) се разведоа по само три ...