Ријана ја бива за сé – Колекцијата на долна облека ќе се продава онлајн

Ако до сег не сте знаеле, сега сигурно ви станува јасно дека Ријана ја бива за сé – од создавање на супер музика до глумење во филмови па до дизајнирање на чевли и спортска облека…Но тоа не е се. Неодамна беше најавена соработката на пејачката со Фенти Бјути и сега се очекува линија на долна облека дизајнирана од Ријана.

Колекцијата на долна облека се вика „Savage x Fenty“, а дизајните за сега се чуваат во тајност. Сепак, пејачката на својот Инстаграм профил ја откри датата на лансирањето во продажба, а тоа е 11 мај.

Се разбира, за да може колекцијата да биде достапна на што поголем број нејзини фанови, таа ќе се продава на Интернет, поточно на официјалната страница за продажба SavageX.com.

Интересно е што при дизајните на долна облека, Ријана мислела и на жените кои носат поголеми конфекциски бореви, па така колекцијата ќе содржи и „плус сајз“ парчиња на градници, боди, гаќички…

x

Check Also

Карди Би се збогува со сопругот после три години брак

Карди Б(27) и нејзиниот сопруг Офсет (28) се разведоа по само три ...