А темата на Мет-гала 2016 е…

Вечерта на модата на Метрополитан музејот позната како Мет-гала е веќе закажана за 2-ри мај 2016 година. И како и секоја година, за оваа вечер на модата и ѕвездите поставена е и тема на облекување.

Убавите фустани кои се носат на црвениот тепих на Мет гала се подготвуваат со месеци. Големите модни куќи и прочуените дизајнери за овој настан во 2016 година ќе треба да сработат креации на тема Модата во добата на технологијата.

Супермодерна и релевантна тема, земајќи ја предвид експанзијата на дигиталната технологија. И може да замислите само како таа ќе се прикаже преку тоалетите кои ќе ги облечат познатите личности. Едвај чекаме да видиме.

 

 

x

Check Also

Кралски изглед на денот: Летиција од Шпанија работи во домашна атмосфера со мокасинки

Шпанија доживува тежок период поради итните случај од коронавирусот. Па дури и ...