Абецеда на машката мода (2 дел)

Во Европа „Левис“ пристигна дури во 50-те години преку Џемс Дин и Марлон Брандо. И никогаш не излегоа од мода. Ив Сен Лорен еднаш рече „Би сакал јас да бидам оној кој го измисли Левис“.

david-lachapelle

L.ЛаШапел Дејвид. Ја сакам драмата, ги сакам лудите сцени, велеше момчето ЛаШапел, побегнат од дома и стигнат во Њујорк, вработен во еден ноќен клуб  каде ќе се сретне со Енди Ворхол кој ќе му помогне подоцна да се вработи во „Интервју“. Мајката на славниот фотограф еднаш изјави „уште како дете не’ фотографираше сите и насекаде, но во неговите чудни албуми ние изгледавме драматично и необично“. – Егзибиционистите ги прават најдобрите модели, рeче ЛаШапел, за кого фотографијата беше бегство од животот.

М. Мартинс др Клаус. Високите чевли „Мартинс“ се симбол на бунтот, антимодата и агресивноста уште од 1946 година, кога беа дизјанирани од Клаус Мартинс, доктор од Баварија, кој си ја скрши ногата додека скијаше, па сакаше да направи чевел кој ќе му ја намали болката. Чевлата –чизма доживеа успех преку ноќ. Во 1959., англискиот чевлар Григс побара дозвола од доктор Клаус да го редизејнира моделот и тој остана непроменет до денес. Во 1980 година „Мартинсите“ станаа основен детал во британската учична мода заедно со фармерките „Левис“.

tomi nuterN. Нутер Томи. Во 1971., Мик Џегер се венча со Бјанка Морено, а младоженецот беше облечен во костум од кројачницата на Нутер. Следуваше свадбениот костум за Џон Ленон за свадбата со Јоко Оно. Томи Нутер беше првиот кој ги отвори вратите на денес најелитната англиска шопинг улица, Севил роу. Поради неговата срамежливост, секогаш сакаше да остане во позадина. И остана.

P. Присли Елвис. Икона на музиката и стилот. Слика на младиот бунтовник кој го одбиваше формализмот на облекувањето. Елвис Присли беше денди, во вистинска смисла на зборот.

R. Ротен Џони. Создадени од Малком МекЛарен и стилизирани од Вивиен Вествуд, Секс Пистолс беа промотивна алатка за лондонската Кингс роуд. Новата мода беше антипатетичност спротивна на секој претходно измислен дрес-код.

 

levi strausS. Штраус Леви. Иноваторот на џинсот Леви Штраус беше Германец, бегалец во САД. Имаше мала кројачница и локално го познаваа како добар кројач на панталони. Во времето на економската криза, за да не ги загуби клиентите, почна да крои панталони од евтини материјали. Така фармерките беа родени! Во Европа „Левис“ пристигна дури во 50-те години, преку Џемс Дин и Марлон Брандо. И никогаш не излегоа од мода. Ив Сен Лорен еднаш рече „Би сакал јас да бидам оној кој го измисли Левис“.

Т. Тилер Ричард. „Немам его, се’ што имам е само знаење“. Славата ја стекна многу доцна, иако целиот свој живот го остави во кројачницата. Дури на 50-годишна возраст беше прогласен за дебитант на годината. Во 1980., негови клиенти беа Елтон Џон, Шер и Дијана Рос, но дури откако се ожени за Лиса Трафиканте ги лансираше незаборавните машки колекции стекнувајќи се со репутација на мастер.

V. Версаче Џани. „Сакам да облекувам его-а, ако немате големо его ќе ве заборават“, тврдеше Џани Версаче кој ги облече најголемите имиња. Версаче беше оној кој во холивудскиот гламур ја врати модата. Неговите секси, екстровертни дизајни ги носеа славните од двата пола. „Не верувам во добар вкус“, велеше Версаче.

W.Вајлд Оскар. „Само глупавите луѓе не судат според надворешноста“, напиша Оскар Вајлд во „Сликата на Доријан Греј“. Беше најголем денди меѓу писателите и најголем писател меѓу помодарите. Едноставно беше единствен. Див. Уникатен. Оскар!

Oscar-Wilde-8

 

Ангела Хорват

x

Check Also

Како и со што заведува вашиот хороскопски знак

Прочитајте какви заводници сте и со што сте надарени да заведувате. Овен ...