Abercrombie & Fitch контроверзиите продолжуваат

Против контроверзната компанија застанаа нови славни личности.

аф 4

Минатиот месец Abercrombie & Fitch беа актуелни со изјавата дека одлучиле да не произведуваат големи броеви облека за жени и мажи, зашто нормално е да се биде фит и шланг, па оние кои не се нема потреба да се облекуваат кај нив. Кога вревата малку спласна, а изјавата помисливме дека се заборави, извршниот директор Мајк Џефрис во едно интервју изјави:

„ Во секое училиште има „кул“ деца и не толку „кул“ деца. Да кажам отворено, нашата облека е наменета за децата кои се „кул“. Нашата облека е наменета за атрактивните деца кои имаат свој став и многу пријатели. Многу луѓе не припаѓаат (во нашите алишта) и тие не можат ни да припаѓаат“.

аф 1

A&F продавница во Токио

Први гласот против изјавите го кренаа ѕвездите од А-листата Мајли Сајрус и Елен Деџенерес.

Сајрус одговори дека ќе ја запали цела гардероба од Abercrombie & Fitch која и го засмрдува шкафот. Елен пак, се потсмеваше на политиката на брендот во нејзиното ток-шоу.

Кирсти Али, која и самата се соочува и се бори со прекумерната тежина, адресираше до Џефрис серија на гневни твитови:

„Почитуван генерален директоре на Abercrombie & Fitch… не сте симпатичен  и вашата глава е огромна.Треба да престанете да носите A& F гардероба… не сте доволно атрактивен“.

аф 3 Abercrombie & Fitch водејќи контроверзна политика со молскавична брзина влезе „под кожата“ на многу млади ширум светот, а откако го освои американскиот и европскиот пазар година се проширува во Дубаи. Продавниците на A&F се препознатливи по манекените кои се во улога на продавачи и кои своите клиенти „ги заведуваат“ со разголените тела.

x

Check Also

Работи кои најчесто забораваме да ги земеме на годишен одмор

Истражувањата покажуваат дека дури 40 отсто од луѓето кога се пакуваат за ...