Адријана Лима е новото лице на PUMA

Топ моделот Адријана Лима е новиот бренд амбасадор на спортската марка Пума.

Компанијата за патики и спортска облека PUMA ја ангажираше бразилската убавица за заштитно лице, но и за портпарол за женската линија. Позната по нејзиното вежбање бокс, за да остане во топ форма, Адријана е совршен избор на брендот.

За промоција на новата соработка, освен фотографии, снимен е и видео спот.

x

Check Also

Кански филмски фестивал: Моделите на црвениот тепих

Освен глумците, на црвениот тепих на Канскиот филмски фествал се појавија бројни ...