Адријана Лима фатална во фустан од Мајкл Корс

На црвениот тепих на премиерата на филмот «Roubaix, une lumière», на Канскиот Филмски фестивал, вниманието го украде ангелот на Викторија сикрет – Адријана Лима.

На премиерата на филмот присуствуваа бројни модели меѓу кои и топ моделите Наташа Поли, Вини Харлоу и Џозефин Скривер.

 

Адријана Лима го освои вниманието со тесниот син и светкав фустан од Мајкл Корс. Изгледот е заокружен со чевли на висока потпетица и предимензионирани сини обетки.

Шминката пак, е совршена за свечената пригода – впечатлив црвен кармин и нежна сенка во нијанса на праска за нагласување на очите.

 

x

Check Also

Ангелите на Викторија сикрет вака ја најавија новата колекција

Victoria’s Secret лансираше жешка кампања најавувајќи ја новата колекција на долна облека ...