Адријана Лима во новата кампања на Maybelline

Супермоделот Адријана Лима е лице на Maybelline веќе 10-на години, а лице на „Пума“ е од минатата година. Во новата кампања таа ги рекламира новите производи на Maybelline креирани во соработка со Пума.

Легендарните компании ги здружија силите за новата колекција која содржи 12 козметички производи. Колекцијата вклучува два нови кармини, течни кармини и моливи за очи и усни.

PUMA x Maybelline колекцијата ќе биде достапна во продажба од почетокот на февруари.

Во продолжение погледнете ја фотосесијата.

 

x

Check Also

Џулија Робертс во стилот на убава жена, речиси 30 години после филмот

Речиси 30 години од премиерата на филмот „Убава жена“, Џулија Робертс продолжува ...