Аеробик vs Пилатес: Со кои вежби побрзо до неодоливо тело

Дебелината е еден од главните здравствени проблеми и предизвици на денешното општество, таа глобално е прифатена како важен променлив здравствен ризик фактор од хронични болести, како во развиените така и во земјите во развој.

Perth-Clinical-Pilates-for-Lumbo-Pelvic-StabilityДенес, нашиот фокус ќе биде на две најчесто применувани фитнес програми за дами, а тоа се аеробикот и пилатес методите на вежбање.

Неодамна  направеното истражувања на оваа тема  ги покажува следниве резултати.

Во студијата беа вклучени 40 жени, на возраст 38 ± 6,7 години. Тие беа поделени во две еднакви групи од 20 учесници, од кои во првата група се практикуваа аеробни вежби три пати неделно, во траење од 60 минути, додека другата група на испитаници практикуваа пилатес двапати неделно во траење од 60 минути. Програмата беше спроведена четири последователни месеци.

pilates

За да не ве мачиме со сите мерења кои беа направени ќе издвоиме само еден параметар кој ви е  на сите познат, тоа е индексот БМИ, и тој ќе ни даде индикација за успехот на овие две програми на вежби  за намалување на телесната тежина.

Резултатите кои ги добивме беа очекувани, беше потврдено дека аеробикот има поголемо влијание врз намалувањето на телесната тежина од фитнес програмата пилатес.

Треба да се земе  во предвид и тоа дека пилатесот беше спроведуван два пати неделно, додека аеробикот  се практикуваше три пати неделно. Генерално, резултатите се следни :

Аеробик

1 Првото мерење на БМИ 26,7;

2 Второто мерење БМИ 20,6

Пилатес

1 Првото мерење на БМИ 26,3;

2 Второто мерење БМИ 22,7

Постојат очигледни разлики во ефикасноста на двете програми, ние се насочивме само на намалувањето на телесната тежина кое покажа дека аеробикот  е во предност, но исто така мора да  констатираме дека со методот на пилатес вежбите е поефикасно зајакнувањето и обликувањето на мускулите, стомачните мускули и мускулите на долниот дел на грбот.

Најважно е да   почнете да вежбате, било која програма да ја одберете ќе имате одредени резултати, изборот е голем и само ваш.

M.М.

x

Check Also

Дури 84% од родителите се загрижени за онлајн безбедноста на нивното дете, но не одвојуваат време да зборуваат за тоа

Новото глобално истражување на Касперски открива предизвици зад ограничените семејни разговори за ...