Африканскaнската ѕвезда – саксофонистот Сеун Кути во „Станица 26“

Познатиот африкански саксофонист и перкуционист Сеун Кути, инаку син на покојниот култен мулти инструменталист Фела Кути, познат и како активист за човекови права и вистински политички маверик, доаѓа во Скопје заедно со уште 14 музичари

Во петок на 31 март со почеток во 23 часот во ноќниот клуб Станица 26 за првпат во Скопје доаѓа култниот саксофонист и перкуционист Сеун Кути, со својот бенд „Египет 80“. На сцената во Скопје со него ќе настапат уште 14 музичари.

Сеун Кути е најмладиот син на легендарниот нигериски мулти инструменталист, музичар, композитор и пионер на афробит музиката, Фела Кути, познат и како активист за човекови права и политички маверик – одметник.

Сеун Кути е роден во 1983 година. Уште кога имал само пет години покажувал голем интерес кон музиката на неговиот татко, а на девет години почнал да ги отвора концертите настапи на  татко му, пеејќи и во некои од песните со бендот на Фела – Египет 80. Понатаму тој се развива во сериозен саксофонист и перкуционист и влегол во бендот пред да наполни 12 години. По смртта на Фела Кути во 1997 година, Сеун на само 14 години станува главен вокалист и музичар на бендот„Египет 80“ и со самото тоа ја исполнува жебата на неговиот татко да го одржи во живот музичкиот бенд. Оттогаш, па наваму, Сеун го следи политичкиот и социјален етнос на неговиот татко. Со текот на времето на музиката која ја има создадено татко му почнува да надодава сопствен печат, копајќи се подлабоко во различните африкански традиции имајќи за цел преку музиката да ја рефлектира борбата, стремежот за слобода и целата култура на африканскиот народ. Во бендот се уште членуваат музичари, кои свиреле заедно со неговиот татко, уметници кои често пати биле апсени и измачувани, заедно со Фела.

Сеун досега има реализирано повеќе турнеи и издадено неколку албуми. Има настапувано буквално низ целиот свет, но најмногу во Детроит, Њујорк, Лос Анѓелес, Чикаго, Филаделфија, Париз, Лондон, Токио и особено во Лагос. Неговиот албум од 2011та година „From Africa with Fury: Rise“ издаден за  Knitting Factory Records беше копродуциран од страна на кутлните Брајан Ино и Џон Рејнолдс.

Во 2014 година Кути го издаде албумот „A long way to the beginning“, продукт кој претстаува колаборација меѓу Knitting Factory и Kalakuta Sunrise labels.

Билети се во предпродажба по цена од 700 денари во Излет Кафе, Кино Карпош, Радио Бар и продажнитемрежи на www.mktickets.mk и www.kartil.com.mk. На самиот влез по цена од 900 денари. Билетите се во строго ограничен број.

x

Check Also

МУЗИЧКИ БЛОК [НОЕМВРИ] ВО МКЦ

Од кога се немаме видено во сала 25 мај! Ви најавуваме 2 ...