Агнеса Орданоска, вљубеник во модните трендови, еве што прави денес

Поранешната моделка која беше ангажирана во агенциите „Мак Моделс“ и „Моделс Ин“, денес е реализирана мајка (и сопруга) на две прекрасни ќерки. Ја контактиравме да провериме дали се уште ги следи модните трендови и што прави денес.

– Прекрасно е чуството да се биде родител на две ќерки, да се биде сопруга и да бидеш љубител на модата. Секоја жена сака да изгледа совршено и треба да води грижа за самата себе. Во мојот речник не постои нешто како „не можам“ или „немам време“. Мојот ден почнува во 06:30 наутро и веќе ми е комплетно испланирам, вели Агнеса.

Нагласува дека работата си ја сака, а работи како правник во Акционерското друштво за стопанисување со станбен и со деловен простор од значење, и секако, и на нејзиното работно место сака да остави убав впечаток.

-Вообичаено, остатокот од денот обожувам да го поминувам кај мојата долгодишна пријателка Станче Никческа во „Бјути С“ салонот, која што 13-години се грижи за моето лице и тело.

Викендите пак, таа ги користи за дружба со пријателките и семеен ручек во нејзиното омилено место со највкусна храна-„Лантерн“ во Дебар маало.

А модата?

-Нана Фешн од Штип секогаш ми излегува во пресрет за моите многу бројни настани, коктели, родендени, за да изгледам елегантно и префинето. Моето животно мото е „како што се чуствуваш така и ќе те гледаат“. Секогаш сум насмеана, весела, едноставно – таа сум, сакам кога сум среќна и сакам кога сум исполнета, како работно така и на љубовно поле.

x

Check Also

Вистински Cyber Monday на Fashion Group со -30% попуст на се

Понеделникот кој сите го сакаме, вистински Cyber Monday на Fashion Group само ...