Кралство СХС / Југославија, Скопје, затворска работилница, 1925-1930, МПУ

Ах,тие чевли!

Доколку намерно или случајно се најдете во Белград, макар и на еден ден, посетeте ја изложба, Ах, тие чевли!, во Музејот на применета уметност која трае до 16-ти ноември.

  Кралство СХС / Југославија, Скопје, затворска работилница, 1925-1930, МПУ


Кралство СХС / Југославија, Скопје, затворска работилница, 1925-1930, МПУ

Во Музејот на применета уметност отворена е интересна изложба со наслов Ах, тие чевли! на која за првпат се претставени женски чевли од 19 и 20 век во збирките на отсекот за текстил и костим и отсекот за применета современа уметност при Музејот за применета уметност во Белград. Авторки на изложбата се кустосите на Музејот за применета уметност Бојана Поповиќ и Драгиња Маскарели.

Изложбата содржи стотина чифта женски чевли. Чевлите од Отсекот за текстил и костим датираат од периодот од околу 1830 до 1918 година. Овие чевли го следат процесот на трансформацијата во облекувањето на српската граѓанска класа во текот на 19 век која се движела од традиционалната ориентална носија кон европската мода. Првите примероци на оваа колекција пристигнаа веднаш по основањето, во 1951. година, со збирката на сликари и графичари на Љубо Ивановиќ. Тоа биле традиционални обувки кои биле носени како дел од градската носија во 19 век – папучи и налани. Првите примероци на европските модни обувки влегле во оваа интересна колекција во 1957. година, кога стигнале чизмите за прошетка од 1914. и сатенските вечерни чевли од периодот од околу 1927. година.

Вториот дел на колекцијата, од 1918 до денес почнал да пристигнува во Музејот на применета уметност по

Западна или Средна Европа, 1830-1840, МПУ

Западна или Средна Европа, 1830-1840, МПУ

првата изложба на современиот југословенски дизајн во 1961. година, кога се прикажани и производи на домашните фабрики за чевли ( “Коштана“, “Оро“, “Дервента“). Женските чевли произведени во “Дервента“ таа 1961. година станаа прв чифт современи обувки кој стана дел од музејските колекции. Неколку години подоцна основан е и Отсекот за применета современа уметност, па потоа е формирана и колекција на предмети од облека од 1918. година до денес. Оваа колекција благодарение на подароци од дарителите, интензивно се пополнува.

Федеративна Народна Република Југославија, Дервента, фабрика за чевли “Дервента“ (ТОД), 1961, МПУ

Федеративна Народна Република Југославија, Дервента, фабрика за чевли “Дервента“ (ТОД), 1961, МПУ

Како што се напоменува во каталогот, изложбата Ах, тие чевли!  е ретровизор кој ни дозволува да погледнеме наназад, на последните два века од историјата на Србија, од крајот на турското време до крајот на југословенската заедница на народи. Покрај големиот технолошки напредок кој е постигнат во 19 и 20 век, овие експонати сведочат за постојаните промени во модата и сфаќањето на елеганцијата, луксузот, удобноста, женственоста и сексапилот.

Изложбата Ах, тие чевли! отворена е на 16 мај и ќе трае до 16 ноември 2013 години. Доколку намерно или случајно се најдете во Белград, макар и на еден ден, ве покануваме да ја посетите, да се забавувате, а кој знае, можеби некој ќе донесе и некој чифт чевли со кои оваа колекција би се дополнила.

С.С.

x

Check Also

Лејди Гага: На нашата љубов со Бредли работевме напорно, со денови

Лејди Гага е уморна од објаснувањата дека меѓу неа и Бредли Купер ...