Ајде да играме божемски

Детската игра е свет за себе, драматичен, исполнет со најразлични движења и форми, тоа е време и простор кои означуваат живот.

liza 4

Штом родителот забележи дека неговото дете е нерасположено за игра тој е исто толку загрижен колку што би бил кога би забележал дека тоа одбива да јаде. И навистина, стручњаците кои се занимаваат со психичките проблеми на децата во развојната возраст сметаат дека децата што не знаат да играат или одбиваат да играат навистина се болни.

Играта како природна и забавна активност има големо значење за севкупниот развој на детската личност и неговата социјализација. Таа му овозможува да креира, да си ги менува улогите, да се трансформира, да учи, да се идентификува, да доживува нови искуства и возбудувања, да го троши вишокот на енергија, да ги “одигра“ преку играчките и движењата своите непријатни и пријатни доживувања, учи да добива и губи, се релаксира, стекнува поголема сигурност, се афирмира, може да ја испразни својата агресија или да ја покаже својата љубов и потреби, ги разрешува конфликтите, се адаптира и се ослободува од стравовите. Затоа родителите и другите блиски членови во семејството секогаш треба да одговарааат на детското “ајде да играме божемски…“

РАЧИЊАТА И НОЏИЊАТА КАКО ИГРАЧКИ

Начинот на кој детето игра многу зборува за неговата личност, за неговите конфликти и желби, за неговата зрелост, но и за ставовите на околината. Одредени игри се омилени за одредена возраст на децата, без разлика од која средина тие доаѓаат, од која националност или социјален статус.

После раѓањето детето си игра со своите први играчки – рачињата и ноџињата. Ставајќи ги во уста прстите и палците тоа го задоволува својот нагон за цицање. Со рачето тоа често минува низ видното поле, па во него тоа за првпат како да гледа некој туѓ објект со кој тоа се обидува да игара. Преку овие игри, многу значајни за неговиот психички развој, но и преку вршење на сумација и конфлуација на шемите на акција во сензомоторните предели на детето, тоа се стреми да ја открие целината на своето тело и истовремено да го открие патот на предметите надвор од неговата околина. Во вториот/третиот месец лежејќи на грб детето ги испружува рацете напред и се обидува да ја дофати играчката што виси над неговото креветче, ја влече кон себе, ја става во уста, ја цица, ја удира. Во четвртиот/петтиот месец детето си игра со играчката по пат на отфрлање, дофаќање, од петтиот до осмиот месец цврсто ја држи во рака и ако е слаба ненамерно може да ја скрши, а од осмиот до дванаесеттиот месец детето воспоставува визиомоторна контрола. Тоа се радува на секоја изведена манипулативна активност,  истовремено доенчето е многу задоволно што го открило ликот на мајката доживувајќи ја како цел објект и како нешто што е во објективниот простор наспроти него.

Од дванаесеттиот до осумнаесеттиот месец детето ги разгледува предметите ( играчките ) околу себе, ги испружува рачињата и ги бара во околината. Во текот на втората половина од втората година започнува преодот кога од сензомоторните активности детето минува на нов психомоторен однос во кој се вклопуваат менталните комбинации. Тоа значи дека во овој период во играњето на детето не учествува мислењето и социјалниот живот туку и перцепциите, и движењата кои се проткаени со емоции, а дететео го привлекува изгледот на играчките, звукот што играчката го произведува, допирот, дофрлањето и отфрлањето на играчката.

КУП РАСТУРЕНИ ИГРАЧКИ

Колку што е детето помало толку има потреба пред него да има куп растурени едноставни играчки, погодни да ги влече или фрла. Тие не треба да бидат многу големи, но со својата боја треба да го привлекуваат неговото внимание. Треба да бидат доволно цврсти за да може да ги стави во уста, но да не може да ги проголта или да откине некој дел. Тие не смеат да бидат отровни или направени од материјал чија боја се лупи или лесно троши.

Најинтересни играчки за нив се оние кои можат да се склопуваат и расклопуваат, да испуштаат одреден звук кој не е застрашувачки силен, а формите можат да бидат и неутрални. Како играчки можат да послужат и разни предмети од секојдневието: синџирчиња, капаци од тенџериња, кутии и слично. Деца до две – три години поради недоволната концентрација имаат потреба често да ја менуваат играта и играчките. Тие сакаат пред нив да има многу играчки, но тоа не значи дека родителите треба постојано да купуваат нови. Во купот играчки со кои детето игра свое значење и улога има и останатото тркало од некогашното автомобилче. На оваа возраст децата не се способни за социјализирана игра. Тие обично играат сами, па ако во една соба се најдат две деца од оваа возраст секое игра само со себе (паралелна игра ).

liza 3

ЈАС СУМ МАЈКА, А ТИ ДЕТЕ

Играта „како божем“ претставува игра на илузија полна со имагинација и драматизација, при што децата се преправаат во разни лица кои за нив имаат особено значење, прифаќаат разни улоги и на играчките им даваат разни значења. Обично играат ситуации од реалниот живот кои за нив имаат одредено значење.

Децата од две до три години најчесто играат сами, водат разговори со куклите или предметите користејќи ја својата имагинација: пиење од празна чаша, и даваат на куклата „божемски“ да јаде, имитираат пушење со чкорче и слично. Децта од четири до пет години, особено девојчињата, играат со кукли преземајќи ја улогата на мајка. Тие ги лекуваат децата ( куклите ), ги хранат, ги пресоблекуваат, ги караат, им пеат приспивни песни или ги ставаат под фустанчето имитирајќи бремени жени. Притоа честопати вербално ги имитираат постарите – ако не јадеш нема да пораснеш, ако какаш во гаќи сите ќе ти се смеат. Во овој период од онаму каде момчињата играат со кукли се забележува дека овие деца живеат покрај маскулини мајки, рецептивни или доста отсутни татковци, каде односите во семејството се затегнати, а присутен и стравот дека еден од родителите може да го напушти домот.

Најчести игри „како божемски“ се оние во кои се играат односи или случки од семејството, игри поврзани со транспорт, играње доктори и продавачки, игри при што се изведуваат казни, игри поврзани со убивање и умирање, при што се користи цел спектар на пиштоли и пушки кои честопати се заменуваат со некое стапче или друг предмет кој ја има таа улога. Децата уживаат да играат игри во кои ги имитираат јунаците од приказните, бајките, телевизиските емисии, а во овој склоп нема дете кое нема да се стави во улога на пејач, член на некоја музичка група, имитирајќи свирење или балерина.

liza 1

ЗА ДЕТСКИТЕ ИГРИ И ИГРАЧКИТЕ

Штом родителот забележи дека неговото дете е нерасположено за игра тој е исто толку загрижен колку што би бил кога би забележал дека тоа одбива да јаде. И навистина, стручњаците кои се занимаваат со психичките проблеми на децата во развојната возраст сметаат дека децата што не знаат да играат или одбиваат да играат навистина се болни.

Играта како природна и забавна активност има големо значење за севкупниот развој на детската личност и неговата социјализација. Затоа родителите и другите блиски членови во семејството секогаш треба да одговарааат на детското „ајде да играме божемски…“ Игрите од типот „тапши тапши танана“, „мотала баба свилица“ и сл. се корисни за развој на примарната социјализација, отстрануцање на стравот од војување, стекнување сигурност во објектот на љубов.

проф. д-р Драгослав Копачев, невропсихијатар

x

Check Also

Крем од банана против упорна кашлица и бронхитис

Неговото дејство е тестирано во третманот на постојана кашлица и бронхитис. Особено ...