Акција на Борка и Бимилк – Розови и здрави!

Здружението за борба против ракот на дојката „Борка“ и млекарницата „Бимилк“ започнаа акција под мотото „Розови и здрави“.

Во рамките на акцијата, Бимилк пушти во продажба Битолски јогурт со посебен дизајн на пакувањето, со чие купување потрошувачите ќе имаат можност да донираат дел од цената на производот за  превенција од ракот на дојката.

„Акцијата „Розови и здрави“ е одлична прилика во текот на месецот на жената потрошувачите да се информираат за превенцијата, раното откривање и лекувањето на ракот на дојката и секако да дадат свој придонес во борбата со оваа болест преку купување на Битолски јогурт на чие пакување стои препознатливата розова панделка.  Ракот на дојката е тешка болест со која секојдневно се соочуваат сé поголем број жени, наши мајки, сестри, пријателки, сосетки и затоа секоја помош во борбата против оваа болест е добредојдена“, изјави Биба Додева

Заинтересираните за различни одговори на темите поврзани со ракот на дојка можат да ги посетат во следните три викенда пунктовите кои ќе бидат поставени во Веро 2, Тинекс кај поранешен Годел, Тинекс кај Драмски театар, Рамстор Центар, Рамстор во Капитол мол и Рамстор во населбата Капиштец.

Средствата кои ќе се соберат во рамките на акцијата „Розови и здрави“ ќе бидат искористени за одржување на едукативни трибини ширум Македонија со цел што поголема едукација на населението за превенција од ракот на дојката.

x

Check Also

Кралски изглед на денот – Црвеното макси палто на Кејт Мидлтон

Во сезоната на палта, јакни и блејзери, војвотката од Кемриџ воодушеви со ...