Ако Меган Маркл роди ќерка, таа нема да има кралска титула, еве зошто

Американската глумица Меган Маркл со венчавањето со принцот Хари стана британска војвотка и членка на кралското семејство, но ако роди ќерка, ќерката нема да добие титула на принцеза.

Британскиот закон за кралско наследство се променил во 2013 година, кога е изгласано правилото дека женските членки на кралското семејство имаат право на наследство според возрасната карактеристика, без оглед на тоа дали имаат брат кој би бил машки носител на круната. Токму поради тоа, второто дете на војвотката Кејт Мидлтон и принцот Вилијам, 3-годишната принцеза Шарлот, во редот за круната е веднаш зад својот постар брат Џорџ, додека по неа доаѓа синот, принцот Луј.

Со новиот закон, така е поместен редот и на принцот Хари, кој е моментно шестти во редот за британски трон.

Интересно е што кога еден ден принцот Хари и Меган ќе добијат деца, нивните синови ќе добијат кралска титула, но не и ќерките. Иако законите се смениле, некои правила и понатаму се застарени па во одредени ситуации само машки членови имаат право да ја носат титулата. Според кралските правила, само машките деца на принцот Хари и Меган Маркл ќе добијат титула на принц, додека ќерките никогаш нема да ја добијат таа прилика.

Слична е ситуацијата и кога станува збор за идните деца на принцезата Шарлот. Нејзините деца никогаш нема да бидат принцови и принцези. Според стогодишните правила кои се почитуваат во составот на британската монархија, единствено машките наследници, односно принцевите, ја проследуваат титулата на своите потомци. Единствен случај во кој ова нема да важи е само ако принцезата навистина еден ден ја наследи титулата кралица, што е малку веројатно, со оглед на бројните во редот пред неа.

 

x

Check Also

Ангелите на Викторија сикрет ги претставуваат костимите за капење за пролет/лето 2019 (ФОТО+ВИДЕО)

Популарната марка за долна облека Викторија сикрет триумфираше со нова рекламна кампања ...