Ако сте под стрес, овие бои ќе ви помогнат да се опуштите

Психолозите од Универзитетот во Минесота се позабавиле со оваа тема и дошле до интересни резултати. Еве кои бои помагаат кога сме под стрес.

Сина
Смирувачките нијанси на сината боја ќе ви помогнат да се опуштите, ќе помогнат за намалување на крвниот притисок, ќе ја ублажат анксиозноста и ќе го забават пулсот. За да постигнете максимален ефект, бирајте меки, придушени тонови од сината палета.

Зелена
Најсилни смирувачки ефекти имаат нијансите на зелена, чиј подтон е беж или бледожолта боја. Можеби е време да се почестите со нова прекривка за креветот или украсни перничиња во некоја зелена нијанса.

Бела
Не е ново дека белата има силно смирувачко дејство. Но суптилните разлики во тонот можат тоа дејство да го засилат или да го намалат. За да создадете опуштена атмосфера бирајте бели детали со топол жолтеникав подтон или чиста блескава бела боја. Избегнувајте бела која влече на сивкасто, тоа може да ви го расипе расположението.

x

Check Also

МЕТЕО СО СЛАВЧО&ЗДРАВЈЕ: Следува значителна промена на времето, внимавајте на недостатокот на енергија!

Во последните десетина години сме сведоци на нагли промени на времето. Сезоните ...