Акупунктура третман, бидејќи болките во грбот одамна не се во мода

Акупунктура Шен, студио за акупунктура и традиционална кинеска медицина. Студиото се наоѓа во централното подрачје на Скопје, на 20-тина минути од строгиот центар на градот. Во студиото на Акупунктура Шен може да добиете ефективна, безбедна и безболна акупунктура како и други третмани од кинеската медицина.

ppp ppp

Акупунктурата како главен дел од Традиционалната Кинеска Медицина е најдолгиот континуирано употребуван систем на медицина во целиот свет, користен од милиони луѓе секојдневно. Третманот е насочен кон третирање на симптомите на состојбата и причините за неа, земајќи го во предвид психофизичкото здравје на индивидуата, како и начинот на исхрана, животните услови и стил.

Чувствувате болки во Вашето тело ?

Болката во грбот е една од најчестите причини поради која луѓето бараат медицинска помош. Факт е дека луѓето одат исправени а тоа предизвикува голем притисок на ‘рбетот и мускулите кои го поддржуваат. Со текот на времето, фактори како што се болест, трауми, неправилно држење или преголем напор може да доведат до непосредни и / или долгорочни проблеми со грбот.

shen 09 09n

Причините за болки во грбот може да бидат од различна природа

Зглобовите на ’ рбетниот столб кои се исклучително богати со нерви се честа причина за болки во грбот. Овие зглобови го диктираат движењето на ‘рбетниот столб и може да бидат засегнати поради лошата положба на телото или поради прекумерна нивна употреба, така што да предизвикаат болка.
Дисковите меѓу пршлените, исто така може да бидат причина за болки во грбот. Овие дискови имаат улога на „амортизери„ на ’рбетниот столб. Одредени состојби можат да доведат до лизгање или хернирање на мекиот центар на дискот (“дискус хернија”) кое што врши притисок врз одредени нерви и често резултира со болка во екстремитетите. Оваа состојба најчесто е предизвикана од траума, како што е дигање на тешки предмети но може да настане и спонтано. Болката во грбот може да е и мускулна по природа.

Истражувањата покажуваат дека иако болката во грбот може да се реши сама од себе приближно за две недели, сепак има тенденција да се повтори во 50 % од случаите.

Како Акупунктурата може да помогне?

Акупунктурата може да игра важна улога во намалувањето или елиминацијата на болки во грбот со тоа што го намалува времето на закрепнување и спречува развој на хронична болка. Акупунктурата ги ублажува мускулните грчеви што помага за нормалното движење на зглобовите на ‘рбетот, а ова е од витално значење за намалување на болката. Со намалување на акутната болка во грбот, акупунктурата исто така ги намалува и шансите болката да стане хронична.

GRB

Акупунктурата може да помогне со тоа што:

  • ја намалува болката – преку стимулирање на нервите во мускулите и другите ткива што доведува до ослободување на ендорфини и други неврохормонски фактори кои влијаат на чувството на болка во централниот и ‘рбетниот мозок (Pomeranz 1987; Zhao 2008)
  • го намалува воспалението – преку ослободување на васкуларни и имуномодулаторски фактори (Kim 2008 ; Kavoussi 2007 ; Zijlstra 2003)
  • ја намалува мускулната вкочанетост и ја подобрува мобилноста на зглобовите – преку зголемување на микроциркулацијата (Komori 2009), која помага и за намалувањето на отоците.
  • ја намалува употребата на лекарства (Thomas 2006)
  • на долг рок е подобро и поисплатливо решение (Redcliffe 2006; Witt 2има подобар резултат кога се користи во комбинација со конвенционалните третмани, како физикална терапија (Ammendolia 2008; Yuan 2008).sffsfsfs

Националниот институт за Здравје и Добра Клиничка Пракса во Велика Британија им препорачува на општите лекари да предложат 10 третмани со акупунктура како прво средство на избор кај пациентите што страдаат од идиопатски болки во половината.

Истражување:

  • Истражувањата покажале дека акупунктурата како третман за болки во грбот е подобра или исто толку добара колку стандардниот медицински третман (Witt 2006; Haake 2007 ; Cherkin 2009; Sherman 2009a).
  • Акупунктурата може да биде исклучително ефикасен третман кога се комбинира со конвенционалниот третман кај луѓе со тешки симптоми на болки во грб и половина (Sherman 2009a, 2009b; Lewis 2010).
  • Би можела да помогне за болка во половината кај бремени (Ee 2008), и болка во половината предизвикана од работа (Weidenhammer 2007; Sawazaki 2008).

Покрај традиционалните акупунктурни точки, во западната медицинска акупунктура се користат и други, сензитивни точки, или точки со помош на кои преку рбетниот столб се влијае на делот од телото којшто се третира (сегментна акупунктура).

gorancrop2

Д-р Горан Манев 
Доктор по медицина, ВСС по Акупунктура. BacLogo1 (1)

Закажете третман:
 076/66 84 28

newlogo4 (2) jaka bojaЛокација:
Ул.Фредерик Шопен, 10 /Скопје
Поставете прашање: info@akupunktura.mk


 

x

Check Also

Користете ја технологијата за добро и научете основни допири за самопреглед на дојка

Со креирање на микросајтот www.pauzazapregled.mk, Телеком ја користи технологијата за добро како ...