„АЛАДИНОВА ЛАМБА“ – нов инстант лоз на Државна лотарија на Македонија

Државна лотарија на Македонија ја најавува најновата возбуда наменета за играчите на инстант лотарија, под име АЛАДИНОВА ЛАМБА.

Лозот АЛАДИНОВА ЛАМБА нуди две интересни игри и до шест шанси за добивка. Игрите се независни една од друга и играчот може да има добивки во секоја поединечна игра.

Во првата игра добитни се симболите АЛАДИН и ДУХ.Па така доколку по отстранувањето на заштитниот слој откриете симбол на Алдин ја остварувате добивката која е наведена во полето ДОБИВКА од истата игра. Доколку пак по отстранувањето на заштитниот слој откриете симбол ДУХ добивката е тројно поголема од сумата која е впишана во полето ДОБИВКА од истата игра . Сите други симболи се недобитни.

Во втората БОНУС игра , три исти броеви 1001 ви носат добивка од 5000 денари. Во оваа игра може да се освои само една добивка, но затоа пак на овој лоз може да се освојат и до шест добивки.

Лозот АЛАДИНОВА ЛАМБА со своите интересни игри ве води во потрага по добивки до 700.000 денари. Освен 7те најголеми добивки од 700.000 денари , лозот нуди и 10 добивки од по 100.000 денари, 10 добивки од по 50.000 денари, 25 добивки од по 20.000 денари и 50 добивки од по 10.000 денари кои во случај на добивка се исплаќаат на благајната Државна лотарија на Македонија, како и бројни други парични добивки од 70 до 5.000 денари кои се исплаќаат на среќните места ширум Македонија.

Веруваме дека возбудливата потрага по добивки преку игрите на лозот АЛАДИНОВА ЛАМБА ќе донесе нови среќни приказни чии раскажувачи со нетпрение ги очекуваме.

ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА НА МАКЕДОНИЈА

x

Check Also

Избрани мажите на годината за 2019 година

Мислав Галер е Маж на годината за 2019 година   Мислав Галер ...