„Одлучив дефинитивно својата кариера да ја продолжам во педијатријата“
Дека освен хоби, нема леб во манекенската професија во Македонија заклучи и атрактивната Албина Уна Чрeсловник, која својот пат си го продолжи во медицинските води.
„Тргнав со голема страст вo хирургијата, но благодарение на мојот ментор, проф. д-р Тасиќ желбата и страста развија сосема поинакви димензии, па сега секое утро гледам да го почнам работно и да помогнам на многумина деца. Имам се помалку време кое го користам за прошетки, испланирано ми е секое кафе со пријатно друшто, филм кој релаксира изгледан со моите најсакани и секако неделниот шиопинг со мама“.
„Манекенството секогаш ќе остане моја страст, особено сега кога времето е пријатно и топло би направила прекрасна фотосесија, сосема различна од претходните, пред објективот на Дарио Јанковиќ. Од она ситното време што ќе ми остане во денот од мојата потполна преокупација – медицината, делче одвојувам за инстаграм! И се разбира, за следење на вашиот моден интренет магазин“, вели Албина.