Во шоурумот и бутикот на Вибрациони (VIBRAZIONI by Aleksandra Mitkovska), во среда на 18 декември со почеток во 17 часот , ќе бидат презенитрани нови модели од колекцијата „Премиера“ за есен-зима 2014 година на модната дизајнерка Александра Митковска.
Модната дизајнерка Александра Митковска која на последното издание на Моден викенд Скопје претстави само мал дел од колекцијата есен/зима за идната година, насловена Премиера, на 18 декември од 17 до 22 часот во шоурумот и бутикот Вибрациони, на сите љубители на модерни парчиња ќе им овозможи да го видат остатокот од колекцијата.
Ќе бидат изложени капути, палта, здолништа, панталони, фустани и други зимски парчиња во препознатливиот стил на Александра Митковска.
Инаку, комерцијалниот дел од колекцијата Премиера е направена од 3.000 парчиња за домашниот и странски пазар.