Александар Мек Квин влегува во луксузниот пазар на парфеми

Убави вести ни доаѓаат од козметичкиот свет. Славната модна куќа Александар Мек Квин потпиша договор за лансирање на нова линија парфем во соработка со компанијата Проктер енд Гембл.

aleksandar 2

Претседателот на П&Г ,Луиџи Феола објасни што значи овој договор:

„Еден од најпопуларните брендови влегува во игра на луксузниот пазар за убавина“.

Производството на парфеми нема да биде новина за куќата Александар Мек Квин која до сега има лансирано два парфема, Кингдом и Мај Квин. Сепак, договорот со П&Г значи нова страница во козметичкиот бизнис, сметајќи ја сериозноста на здружените сили на двете компании.

Не е соопштено кога парфемот ќе биде пуштен во продажба, но не се сомневаме дека вреди да се почека.

x

Check Also

Дрогериите dm подаруваат бесплатна промена на изгледот

Дрогериите dm на сите заинтересирани им подаруваат бесплатна промена на изгледот со помош на ...