Александра Милевска Танеска: Накитот зборува за имиџот на секоја жена

Главен „селектор“ и креатор на модните додатоци „Алекстра“ е Александра Милевска Танеска од Скопје. Таа е професорка, реализирана личност, има голем креативен дух, а нејзиниот стил на рачно изработен накит е ненаметлив.

designer alekstra
Кога се роди приказната Алекстра?

Пред 11 години се зароди првата креација која долго време беше во моите мисли, а подоцна и на парче хартија. Материјалите беа набавени од Италија, пред се беа уникати, па и колекција сама по себе беше впечатлива, несекојдневна.3 alekstraПотоа следуваа нови колекции, секоја со свој печат, а тоа што беше мој важен двигател за творење беа позитивните коментари и побарувачката на секое ново парче накит. Основното мото на „Алекстра“ е да се создаде еден поинаков начин на негување на уникатен моден додаток.
5 alekstra
Каде ја наоѓате инспирацијата за творење?
Инспирација црпам секојдневно во се, во буквална смисла на зборот во се,  поаѓајќи од формите во природата, преку боите, во годишните времиња, во симетријата, во формите на играчките на моите деца, инстинктивните вибрации, во медитациите, во боите на полудрагите камчиња…2 alekstraСе радувам што се повеќе луѓе се свртуваат кон природата, па оттаму станува и се поголема желбата за поседување на парче накит со полудраги камчиња.10007390_10202711196847683_8706498440033008673_nВерувањето во кристалотерапијата, во моќта на вибрациите на каменот кој е многу пред нас на ова планета, во неговите лековити својства и бои, го враќа  копнежот по нешто што е „вистинско“ и доживотно. Тоа се мотивите за поседување едно вакво парче накит.10363820_10202641496065207_7233682197014360499_n
Кои бои преовладуваат во вашите парчињата накит?
Лично сум љубител на пастелни тонови, но умешно правам спој  на некои несекојдневни комбинации на бои и форми. Едноставно енергијата на самиот полудраг камен ме води, интуитивно, спонтано, со голема љубов кон она што го создавам.10421479_10202891618718117_1274080545809165542_nКој полудраг камен најмногу го форсирате во вашите креации?

Од полудрагите камења најзастапен е ахатот бидејки го има во повеќе бои и форми, а најбаран е аметистот, потоа месечевиот камен , жадот и розе кварцот.10015656_10202631138046263_1727396634916895405_nДали мажите, како во старите добри времиња, купуваат накит за да го подарат на своите партнерки?

Според досегашните примери, дури 62 отсто од купувачите се мажи кои подаруваат парче накит на своите дами, но секако има и многу дами кои знаат да се препознаат во моите креации.10378220_10202705906995440_7521754647188663979_nСметам дека умешно допирам до вкусот на секоја жена, а во текот на овие 11 години на креативно творење, многу познати личности од целиот Балкан со задоволство го носат мојот накит.designed by alextra

Инаку, накитот е изложен во елитниот „Лајт Клуб“ ресторан во Скопје.
Ве покануваме да го одберете своето омилено парче накит на официјалната страна на Алекстра.

x

Check Also

Накит за на плажа 2015: Никогаш доволно од него!

Модните додатоци како чантата за плажа, шеширот и марамата не се единствени ...