Александра Тројановска: Некоја од девојките ме бутна, со главата удрив во нешто и изгубив свест

Минатиот викенд во Експо сити центарот во Тирана се одржа 43-то издание на изборот за убавина Мис Глоуб. На финалето на овој избор не учествуваше Македонката Александра Тројановска. Еве што се случувало зад сцената.

aleksand

„Немилиот настан се случи на бродот со кој одевме од Драч, Албанија, за Бари, Италија. Вечерта кога пловевме за Италија на бродот се одржуваше изборот за мис бикини. После првото излегување на кое добив голем аплауз, влегов во „бекстејџот“ и се упатив кон моите работи со намера да се подготвам за второто излегување. Тогаш почувствував како некоја од девојките ме бутна, со главата удрив во нешто и изгубив свест. Кога за неколку минути ме освестија и кога сакав да станам, почувствував силна болка во зглобот од десната нога, од која не можев ни да го допрам подот, а камоли да облечам високи потпетици и да продолжам со настапот. Мислев дека имам скршеница на зглобот, но докторот ми кажа дека има силно истегнување на лигаментите, секако сериозна повреда која бара мирување од најмалку две недели. Сватив дека во тој момент за мене изборот е завршен, цела ноќ плачев, бидејќи со месеци се подготвував за ова и имав голема желба да ја претставувам Македонија“, раскажува македонската убавица Александра Тројановска која поради повредата не учествуваше на финалната вечер на изборот за Мис Глоуб 2016.

x

Check Also

ФОТО/Вака се носи кариран дезен на 20, 30, 40, 50 години: Учиме од Кејт Мидлтон и Викторија Бекам

Се ближат празниците кои меѓу другото ги врзуваме и со карираниот дизајн, ...