Александра Тројановска од Крива Паланка е Мис на Македонија 2016 за Мис Глоуб

По турнејата низ Македонија, во саботата вечер се одржа финалето на изборот Мис на Македонија 2016 за Мис Глоуб. Манифестацијата се одржа во хотелот Александар парк во Виница, каде финалистките се претставија пред публиката и жирито во четири изданија.
foto-111111
Победи 25-годишната Александра Тројановска од Крива Паланка. Прва придружничка е охриѓанката Ангела Ставреска, а втора придружничка – скопјанката Андријана Илиоска.
Александра Тројановска

Александра Тројановска

foto-111

Александра ќе ја претставува Македонија на изборот за Мис Глоуб 2016 кој ќе се одржи на 26 ноември во Тирана, Албанија, додека Ангела и Андријана ќе нстапат на други и9нтернационални избори во текот на следната година за кои Модното студио Црнокрак поседува лиценци.
foto-11
Дополнително, беше избрана и претставничка на Македонија за изборот Мис Евроазија 2016, а тоа е 19-годишната Ивана Маневска од Скопје и таа заедно со минатогодишната победничка ќе патуваат за Истабул, Турција, кадешто ќе се одржи овој избор за убавина.
x

Check Also

ФОТО/Вака се носи кариран дезен на 20, 30, 40, 50 години: Учиме од Кејт Мидлтон и Викторија Бекам

Се ближат празниците кои меѓу другото ги врзуваме и со карираниот дизајн, ...