Популарната шпанска модна марка ZARA го објави тренди водичот ALL-BLACK во кој позира Лекси Болинг.
Во сезоната на постудени денови црната боја е чест избор за облека. Дизајнерите од Зара пак, ни нудат повеќе модели на мини и миди фустанчиња во црна боја, а сугерираат да ги носиме со високи, рамни чизми и со хулахопки од тантела.
За инспирација, погледнете го едиторијалот со Лекси Болинг.