Амал Клуни во мини фустан со реси од Стела Мекартни

Адвокатката Амал Клуни и нејзиниот сопруг, холивудскиот глумец Џорџ Клуни, летниот одмор го минуваат во вилата на езерото Комо, Италија. Во овој подолг период на престој во Италија, Амал е фотографирана во неколку одлични модни изданија, а сега и во фустанче во нежно розова нијанса од дизајнерката Стела Мекартни. Инаку, модната дизајнерка Стела Мекартни и нејзиниот сопруг Аласдаир Вилис се гости на семејството Клуни во Лаго ди Комо.

 


Фустанот во кој е фотографирана Амал е со мини должина и карактеристичен е по долгите и асиметрични реси. Достапен е во продажба на сајтот Нет-а- портер.ком, по цена од 1.377 долари.

Ова не е првпат за време на престојот во Комо, Амал да носи фустан од Стела Мекартни, нејзина пријателка и една од нејзините омилени дизајнерки. Неодамна, таа во друштво на сопругот, во еден италијански ресторан каде биле на вечера, изгледот го привлече со зелен макси фустан од дизајнерката.

x

Check Also

Принцот Хари – касиер во Бургер Кинг, популарниот ланец му понуди работа на принцот

Познатиот ланец за сендвичи, Бургер Кинг, на шега му понуди на принцот ...