Амал Клуни во моден изглед од Алберта Ферети

Амал и Џорџ Клуни се фотографирани на римскиот аеродром Чампино.

Пред да се качат на приватниот лет, познатиот глумец и адвокатката се „уловени“ на римскиот аеродром. Амал е облечена од „глава до петици“ во креација на италијанската дизајнерка Алберта Ферети – жолт мини фустан и високи кафени чизми.  Изгледот е заокружен со предимензионирани очила за сонце. Џорџ Клуни пак, е во „кежуал“ стил – фармерки и поло маичка.

Жолтиот Алберта Ферети фустан е достапен во продажба, по цена од 1.560 евра. Чизмите со висина над колениците од Алберта Ферети се, исто така, достапни во продажба по цена од 1.100 евра.

x

Check Also

Џенифер Лопез сака да се пресели во Италија

„Можам да кажам дека танцот и музиката се мојата прва љубов, но ...