Американска пита од тиква

Американската пита од тиква во САД и Канада особено се подготвува за прослави. Погдответе ја едноставно оваа превскусна зимска пита.

Намирници – 500 грама тиква, 300 грама брашно,100 грама маргарин, прстофат сол, 100 грама шеќер во прав, 4 јајца, шака ореви, 1 ќесичка цимет, малку ѓубир, 120 мл слатка павлака.

Подготовка

Во сад ставете го брашното и солта и во тоа додадете го маргаринот. Замесете, па додадете го шеќерот и едно јајца. Замесете тесто и оставете го во фрижидер околу еден час.

Во меѓувреме исечете ја тиквата во парчиња и ставете ја во загреана рерна на 200 степени околу 45 минути. Кога ќе забележите дека кората лесно се одвојува и дека месото на тиквата е сочно и меко, извадете ја од рерна и излупете ја. Можете да ја испасирате во пире, но не морате. Во пирето од тиква додадете 3 јајца, 150 грама шеќер и малку сол, но и циметот, оревите и 120 грама павлака. На крајот додадете 50 грама брашно. Добро измешајте. Ако мислите дека филот е течен, не се грижите таков и треба да биде.

Извадете го тестото од фрижидер, развлечете го со оклагија и пренесете го на тава за печење која претходно сте ја намачкале со масло. Избоцкајте го тестото со вилушка за да не напукне во текот на печењето. Потоа врз него ставете го филот од тиква. Рерната загрејте ја на 220 степени. Печете околу 15 минути па температурата намалете ја на 180 степени и печете уште 40-на минути.

По печењето оставете ја малку да спласне на собна температура, па потоа е готова за дегустација. Можете да ја декорирате со шлаг.

x

Check Also

Домашен сладолед од банана и путер од кикиритки

Се подготвува брзо, не треба да сте вешти во кујната, а задоволството ...