Американската инфлуесерка и пејачка Дикси Д’Амелио е нова амбасадорка на PUMA

Американската инфлуенсерка на социјалните мрежи и пејачка, Дикси Д’Амелио (родена во 2001),  која има над 43 милиони следбеници на видеохостингот „ТикТок“, е нова амбасадорка на спортската марка PUMA.

Спортската популарна марка „Пума“ ги освојува социјалните медиуми ангажирајќи ја за амбасадор ѕвездата на „ТикТок“, Дикси Д’Амелио.

Таа се приклучува на списокот амбасадори што веќе ги вклучува Дуа Липа, Кара Делевињ и Вини Харлоу.

На една од фотографиите слика, Дикси носи целосно црн моден изглед, кој ги вклучува патиките „Fierce 2“. На друга фотографија се гледа како позира во син фустан со „RS-X Airbrush“ со смели пастелни детали. Таа, исто така, ја презентира патиката со платформа Mayze во комбинација на комбинезон со долги ракави.

x

Check Also

Со мода против горештината: Нови модни парчиња за лето 2021 од & Other Stories

Модната марка & Other Stories повторно ни носи нови летни модни парчиња, забогатувајќи ...