Ања Рубик ги претставува најголемите трендови од ZARA за есен/зима 2018/19

Студените денови се зад аголот, а Зара се фокусира на плетките и волната за сезоната која следува – есен/зима 2018/19.

За есенскиот каталог позира топ моделот Ања Рубик во десетина модни комбинации.

Од боите најинтересни се металик нијансите, додека сукњите сега се плисирани или со асиметричен крој. Оваа сезона ќе ги носиме со тесни или пак, предимензионирани џемпери во силни нијанси, а ќе носиме и волнени комплети со интересни шари.

Во центарот на вниманието се чантичките со бисери, како и чантите кои се носат како ремен, околу струкот. Одлично „стојат“ со кожени чизми со набори, кои се истотака трендовско модно парче за есен/зима.

x

Check Also

Victoria’s Secret со колоритни костими за капење за лето 2020

Супермоделот Тејлор Хил е ѕвезда на новата рекламна кампања за костими за ...