Ана Шурдиловиќ: Изработив чанта и со ликот на Тоше, но таа не ја продавам!

„Овие денови планирам да дојдам во Скопје и со Лила да се видиме, да ја осмислиме соработката. Би сакала да направам и колекција чанти со фотографии од Тоше и сите пари од заработувачката да ги дадам во хуманитарни цели на организацијата која би ја одбрала неговата сестра Дора“, вели дизајнерката на чанти Ана Шурдиловиќ која неодамна ја изработи чантата со ликот на Лила.  

ana 3

Што се случува моментално на модната сцена во Ниш?

Модната сцена во Ниш полека почна да дише со полни бели дробови. Ниш е град полн со креативни млади луѓе кои имаат желба да работат и сакаат своите идеи да ги споделат со публиката. Веќе две години во Ниш постои една интересна група на креатори собрани околу идејата за Фешн корнер. Тоа е манифестација која се одржува неколку пати во годината и на неа учествуваат десетина креатори кои ги претставуваат своите креации и нови колекции. Се надевам дека модната сцена во Ниш наскоро ќе блесне со полн сјај.

Како гледате на македонската модна сцена со поглед од соседна Србија?

Искрено, не сум баш многу запознаена со модата во Македонија, но затоа во македонска музика се разбирам подобро отколку во српската (се смее). Би сакала да го посетам Фешн вик Скопје и да видам што вашите дизајнери имаат да покажат. Ги следам и македонските модни блогови и многу ми се допаѓаат.

Соработувате ли со македонски креатори?

За сега, не сум соработувала зашто не сум имала можност, но многу би сакала, па ако некој од нив ова го чита слободно нека ми се јави.

ana 2

Подарокот за Лила, чантата која ја дизајниравте, предизвика лавина (позитивни) коментари на порталите и социјалните мрежи . Како дојде до креацијата?

За Лила знам одамна и ја следам нејзината работа преку Фејсбук зашто за жал во Ниш не фаќаме ниедна македонска телевизија. Мојот добар пријател Спасе Јовановски кој е инаку администратор на официјалната страница на Лила и нејзин пријател, одлучи за роденден да и подари чанта со нејзиниот лик. Мене како идеја тоа многу ми се допадна, одбравме нејзина убава фотографија, иако навистина таа има многубројни убави фотографии, и ја направивме чантичката. За еден ден се случи вистински бум на македонските портали, мене ми стигнаа многу пораки со прашања за чантата и многу сум задоволна како се испадна.

Лила најави соработка со Вас и нова линија на чанти кои ќе имаат принт, но не само со нејзиниот лик. Ќе сугерирате ли ликови?

Едвај чекам да видам што смислила Лила.  Овие денови планирам да дојдам во Скопје и со неа да се видам, па ќе ја осмислиме соработката. Верувам дека тоа ќе биде и повеќе од успешна соработка. Што се однесува до ликовите, јас веќе имам чанта со ликот на Тоше, но таа е направена само за мене и не ја продавам. Би сакала да направам колекција чанти со негови фотографии и сите пари од заработувачката да ги дадам во хуманитарни цели на организацијата која би ја одбрала неговата сестра Дора. Мислам дека е тоа добар начин да продолжиме од онаму каде што тој застана.

ana 5

Воопшто кои ликови на овие простори сметате дека едноставно продаваат се, без разлика дали е во прашање чанта или козметика?

Мислам дека Каролина Гочева е ваша вистинска модна икона. Сметам дека нејзиниот стил на облекување е совршен и дека таа е девојка која секоја марка би ја посакала за свое заштитно лице. Исто така сметам дека и Лила добро ја врши таа работа. Тука е, се разбира, и Калиопи која ја обожавам.

ana 4

На кои од вашите колеги би му „симнале капа“?

Јас не сум дизајнер по професија па не можам да судам кој е добар, а кој е помалку добар, но постои еден спрски креатор за кој секоја млада девојка би требала да чуе. Неговото име е Михаило Анушиќ, а познат е како Михано Момоса. Девојки, задолжително погледнете ги неговите креации!

Колку сиромаштијата на овие простори го диктира на некој начин производството на дизајнерите?

Нашите и вашите дизајнери мораат да сфатат во какви земји живеат односно да ја разберат ситуацијата која моментално владее. Не знам за македонските, но српските креатори се прескапи и за жал, девојките не можат да си ги дозволат нивните модели. Не сите девојки, но секако огромен дел од нив.

ana 1

Да не бевте креатор веројатно ќе бевте?

Јас сум по професија дипломиран новинар, но ситуацијата ме однесе на потполно друга страна и за сега воопшто не се бунам.

 

Ј.Кантарџиева

 

x

Check Also

Тага во модниот свет: дизајнерот Кензо Такада почина од коронавирус, ќе го паметиме по моќта на цветниот принт

Јапонскиот дизајнер Кензо Такада почина на 81-годишна возраст од компликации на коронавирусот. ...