Кралицата на модната индустрија, уредничка на американскиот Вог, доби жестоки критики поради тоа што не ги симнала очилата за сонце кога седела покрај кралицата Елизабета II на ревијата на Лондонската модна недела.
Ана Винтур, ретко се гледа на моден настан без нејзините темни очила за сонце, иако настаните се одржуваат во затворени простории, па и овојпат продолжи да ги носи додека разговараше со кралицата во првиот ред на ревијата на дизајнерот Ричард Квин, во вторникот.
Винтур, која беше прогласена за дама на изминатата година, доби критики поради „кршење на кралскиот протокол“, а со тоа и за непочитување искажано кон кралицата Елизабета Втора.