Ана Винтур се демантираше сама себе, сепак носи и тренерки (ФОТО)

Актуелната коронариза направи неверојатни работи, а кај некои успеа и да ги промени навиките. Кризата се разбира влијаеше и на модниот свет, вклучувајќи и социјалните мрежи на кои ќе најдеме куп нови идеи адаптирани за новото време.

Легендарната уредничка на Вог, своевидна институција на стилот и една од најмоќните жени на модната планета, предизвика големо внимание со еден Инстаграм пост.

Своевремено на прашањето дали носи во лежерна домашна атмосфера тренерки, таа одлучно одговори – Не.

Но, со постираната неодамнешна фотографија успеа да се демантира сама себе.

Изборот на тренерка за домашна атмосфера многумина ги остави изненадени, а некои од фановите признаа – Никогаш не верував дека Ана Винтур ќе ја видам во тренерка.

Инаку, исто како и Ана, голем противник на тренерките беше незаборавниот Карл Лагерфелд, сметајќи дека тренерките се за вежбање а не за седење во нив дома.

x

Check Also

Карди Би се збогува со сопругот после три години брак

Карди Б(27) и нејзиниот сопруг Офсет (28) се разведоа по само три ...