Ана Винтур вака ја оцени венчаницата на Меган Маркл (ВИДЕО)

За венчаницата на Меган Маркл сеуште се зборува…

Изборот на венчаница која Маркл ја носеше на својот најсреќен ден, на свадбата со принцот Хари, не престанува да ги поделува мислењата на дизајнерите. Многу од познатите дизајнери венчаницата ја оценија како не доволно „кралска“, некои пак, како многу едноставна и неочекуван избор од Маркл.

Прочуената уредничка на американскиот Вог, која е позната и по нејзините строги критики, до неодамна се воздржуваше од коментари, но на едно неодамна дадено интервју конечно го кажа своето мислење за венчаницата на Маркл.

Имено, Ана Винтур смета дека венчаницата, во најмала рака, е брилијантна! Софистицирана и шик, венчаницата која е креирана од страна на британски дизајнер, но од француска модна куќа, како да порачува – не сум од тука, но тука припаѓам.

x

Check Also

Ким Кардашијан позира за колекцијата SKIMS и е многу секси

Ким Кардашијан позира за кампањата SKIMS Cotton Collection. Колекцијата ќе биде лансирана ...