Ананас диета – стопети до 4 килограми за 7 дена

За да ја држите ананас диетата може да користите и свеж ананас како и ананас од конзерва. Инаку, ананасот е нискокалорично овошје (во 100 грама содржи 46 калории), богато со бројни витамини и минерали. Диетата трае 7 дена, но по два-три дена пауза може да ја повторите уште еднаш, двапати, се додека не ја постигнете посакуваната цел.

Менито се разликува во парните и непарните денови. Еве како би требало да изгледа предлог мени за непарните денови:

Појадок – кришка ананас и чаша зелен чај без шеќер, немасен јогурт (2 дл) со лажица мусли.

Ручек – супа од зеленчук, варен сезонски зеленчук (нема ограничувања на порции) и кришка ананас.

Ужина – ананас кришка до две, чаша зелен чај, сок од цеден лимон

Вечера – 200 грама риба (печена во фолија), салата свежа, кришка ананас.

Предлог мени за парните денови (вториот и четвртиот ден од диетата):

Појадок – чаша свеж цеден сок, кришка ананас.

Ручек – 200 грама бело пилешко месо (варено или на скара), зеленчук (печен), 2 кришки интегрален двопек и кришка ананас.

Ужина – Кришка ананас и 2 дл немасен јогурт

Вечера – Супа од зеленчук, тврдо варено јајце, салата од свеж спанаќ, кришка ананас.

 

x

Check Also

Викендов се одржа четвртото издание на најголемиот настан за здрав и активен животен стил

На големо задоволство на јавноста, викендов се одржа четвртото издание на Health, ...